Во следните две недели ќе бидат објавени резултати од истрагата за бегството на Груевски

Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат  видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа што поскоро да ги достави материјалите со кои располага, изјави обвинителката Вилма Русковска

Русковска: Заев требало да биде ликвидиран, Чавков знаел се

-Од доказите кои ќе ги презентираме ќе докажеме дека групата била предводена од Александар Василевски - Нинџа и Никола Митревски Кољо кои заедно го планирале насилниот упад и го координирале, знаејќи дека можат да сметаат на другите обвинети, кажа обвинителката