Browsing: СДСМ

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ја отвори кампањата со презентација на програмата во својот глаев изборен штаб во Старата скопска чаршија, а ДПА со посета на гробот на Арбен Џафери и со презентација на платформата во Тетово. Политичката платформа „Македонски концепт“ тргнува во предизборна кампања од пред ЕУ Инфо центарот во Скопје, а ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија од Битола

Различните таргетирани групи гласачи ќе се привлекуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, но и Пинтерест), особено младите и неопределените. Популарноста на телевизиите не се намалува и покрај популарноста на онлајн медиумите, но тука се и радијата. За претставување на кандидатите и партиските програми се користат и печатени материјали и билбордите на кои веќе осамнаа пораки за поддршка

Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец е популистичка и партијата сама ќе се загуби во неа, истакна лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција. За ВМРО-ДПМНЕ најави пријава за предвремен почеток на изборната кампања

Лидерот на СДСМ на прес-конференцијата во партиското седиште што се одржа попладнево додаде дека очекува и Мицкоски да излезе и јавно да потврди дека прифаќа избори на 15 јули, а се очекува од претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба за усогласување на датумот