Browsing: СДСМ

За денеска е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот. Од опозициската партија ја потврдуваат средбата, но истовремено нагласуваат дека сама по себе не значи дека ќе има договор со власта за законот. Заев потврди дека ќе разговара и со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство

Од говорница во владеачката партија, тој нагласи дека укинувањето на Преспанскиот договор би ја вратило земјата 25 назад, би ја вратило референцата ПЈРМ, односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи губење на членството во НАТО, губење на перспективата за ЕУ, губење на милијарда евра инвестиции и губење на поддршката од меѓународните партнери

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека до нив е доставен нов предлог закон за ЈО, кој на крајот од минатата година беше најавен од Министерството за правда од каде вчера најприн рекоа дека во игра останува старата верзија, но подоцна очигледно нешто се променило

Обвинувања за опструкции и негирања, непознавање на законите и делување во функција на матичните партии се белези на првите денови од работењето на ресорите каде има кадровски измени во техничката Влада што беше избрана на 3 јануари

Ова во ВМРО ДПМНЕ сигурно го знаеле, но ризикувале. Зошто Мицковски не предложил кандидат кој ги исполнува условите за министер, во случајов технички за МВР? – Дали Ковачки се користи како јадица, за понатаму да улови друг кандидат, во случај СДСМ да го одбие предлогот, што би било очекувано. Ако СДСМ не го прифати Ковачки, а има добра уставна причина за тоа, тогаш ќе му се отвори простор на ВМРО ДПМНЕ да предложи друго име, за кое СДСМ ќе нема многу време и причини да го оспорува затоа што ќе биде неопходно да се формира Пржинската влада, а при тоа Мицковски да предложи посигурен партиски член од неговото блиско опкружување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил ја повика власта да не ги одложува работите и истакна дека „кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми“ на што СДСМ возврати дека опозициската партија треба да предложи друг кандидат затоа што доставениот предлог е спротивен на Уставот

Ковачки доаѓа од АРМ, има чин полковник, како професионалец учествувал во неколку мисии на НАТО и одликуван е со државни ордени за заслуги. Но, неговото назначување би можело да биде оневозможено според член 97 од Уставот кој вели – „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“

Премиерот најави дека на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ в петок ќе се разговара за сите политички прашања, ќе се направи рекапитулар на годината, а ќе се разгледуваат и односите со сите во коалицијата, потенцирајќи дека таа донела големи одлуки за државата

И до нас допреа информации дека ДУИ може да реши да одглуми некаква храброст и да ја напушти Владата, но и да се случи такво нешто, би било навистина идиотски после толку години власт и такви лоши политики сега ние да го спасуваме ДУИ. Не доаѓа предвид да влеземе во техничката Влада, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари