Browsing: Шкупи

Чаирчани, и покрај нерешените 0:0, се елиминирани во првото квалификациско коло со оглед на триумфот на шкотскиот великан во првиот меч со 2:0. Хонвед, пак, убедливо ги порази дебармаалци со 4:0 и ги истера од Европа по само 180 одиграни минути

Чаирчани триумфираа над шампионот со 2:0 во меч од 18 коло во домашното првенство, тетовци ги нокаутираа битолчани под Шара со 3:0 и се одлепија на 14 бода на врвот на табелата во однос на скопските „црвено-црни“ кои патем имаат два меча помалку – одложените против Работнички и против Академија Пандев поради настапите во Лига Европа

Лидерот на табелата и старо-нов шампион го совлада Пелистер во Битола со 3:2, Победа со триумфот над Работнички со 3:0 се спаси од испаѓање во Втора лига што, пак, останува да виси над чаирчани по поразот од Силекс во Кратово со 1:0

Чаирчани ги совладаа „црвено-црните“ со 1:0 со голот на Адем во 77 минута. За Шкендија ова е втор пораз во низа што може да биде и пресуден за натамошната соработка со тренерот Бруно Акраповиќ