Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шок за Шкупи во фудбалскиот Куп: Се држеа со Глазгов,паднаа во Пехчево

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/fkkitgopehcevo/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 00:53

Екипата на Кит Го приреди вистинска сензација во шеснаесетфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија. Амбициозниот клуб од Пехчево кој оваа сезона дебитира во Втора лига го совлада Шкупи со 2:0. За главната улога во натпреварот се избори Мартин Стојанов кој погоди во 13 минута и во четвртата од судиското екстра време. Уште поголема тежина на триумфот на пехчевци му дава фактот што 70-тина минути играа со човек помалку на тревникот по исклучувањето на Мирза Дураковиќ.

Второлигаш елиминира прволигаш и во Кавадарци. Тиквеш ја совлада Ренова со 2:1. Стрелци за победничката екипа беа Митев во 26. минута и Ивановски во 77. минута, единствениот за гостите од Џепчиште го постигна Рамадани во 67. минута.

Изненадување на останатите средби немаше. Најголем дел од фаворитите со убедливи победи се пласираа во осминафинале. Најубедлива меѓу нив беше Беласица чии фудбалери славеа на гостувањето кај Велазерими со 8:0. Гол помалку реализира Силекс против Братство Влазними (7:0), Работнички, пак, со 6:0 го елиминира скопскиот третолигаш Фортуна. Скопски Вардар триумфира со 4:0 против Вардар од Форино, победи по 3:1 на гости забележаа екипите на Скопје и на Академија Пандев над Вардар Неготино, односно, Лабуништа, со 2:0 Брегалница беше подобра од Поешево, а Македонија Ѓорче Петров од Превалец.

Мечот меѓу Струга Трим Лум и Победа е поместен за 29 август додека Кожув и Шкендија ќе играат на петти септември.

Куп на Македонија, шеснаесетфинале

Резултати

Вардар Форино – Вардар 0:4

Фортуна – Работнички 0:6

Братство Влазними – Силекс 0:7

Велазерими – Беласица 0:8

Поешево – Брегалница 0:2

Вардар Неготино – Скопје 1:3

Лабуништа – Академија Пандев 1:3

Превалец – Македонија Ѓорче Петров 0:2

Осогово – Пелистер 0:1

Тиквеш – Ренова 2:1

Тетекс – Гостивар 1:1 – на пенали 3:4

Кораб – Борец 1:0

Кит Го – Шкупи 2:0

Струга Трим Лум – Победа (29 август)

Кожув – Шкендија (5 септември)

Вардар Кит Го Куп на Македонија Работнички фудбал Шеснаесетфинале Шкупи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.