(Видео) 25 мај некогаш празник, денес спомен: Четворица Македонци со штафетата до Тито

Денешниот ден, 25 мај, беше резервиран за, веројатно, најпопуларниот празник во поранешна Југославија - Денот на младоста на кој се славеше и роденденот на маршал Јосип Броз . Главниот слоган до 1980 година беше „Тито е наш, ние сме титови“, а по смртта на доживотниот претседател на поранешна СФРЈ - „И по Тито - Тито“. Последноото носење на Штафетата беше организирано во 1987 година. Одржувањето на слетот на стадионот на ЈНА во Белград, како централна манифестација по пово 25 мај, беше укинат со одлука на 26 јануари во 1988 година