Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Случај „Рекет“
На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, bеше пуштена снимка од необјавена емисија „Инсајдер” и преку 20 фискални сметки на Боки 13 со вкупен износ од 148.000 евра направени за три дена во Италија
Од гардероба се одземени 77 пантолони, 50 пара кондури, 15 пара патики, 15 пара чизми, 50 пара наочари, три часовника од марката ,,Ролекс”, ташни, маси, теписони, украси сваровски и други предмети. Во домот на Јасминка Јовановска, мајка на обвинетиот Јовановски, се одземени 100 банкноти од по 50 евра, рече обвинителката Трајчева
Судењето за „Рекет“ продолжува денеска со презентација на материјални докази од страна на Обвинителството за организиран криминал. Судскиот процес против…
Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски на денешното рочиште рече дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Рускоска поради што побара нејзино изземање од случајот
Водителката тврди дека најпрвин по барање на Боки 13 дала донација од 20.000 евра за 1ТВ, бидејќи како што рече, сакала да и помогне на телевизијата, а потоа следела и позајмица од 500.000 денари
Покрај неа, во судницата на Кривичниот суд се најавени и Весна Костовска, Сања Димовска и Агапи Дика. Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска
Јавниот обвинител на денешното рочиште за случајот „Рекет“ посочи дека поранешната шефица на СЈО се обратила до него со такво барање бидејќи „станот во Скопје бил веќе продаден на нејзина пријателка и дека со „замрзнувањето“ би се нанела штета на купувачот“
Адвокатот Антонио Апостолски, образложувајќи ја жалбата, рече дека судот претходно му определил времена исправа за патување и обвинетиот неколку пати ја користел, што покажува дека не држи наводот дека ќе се даде во бегство, како и дека е доставена дополнителна гаранција со вкупна вредност од 3,18 милиони евра
Обвинетиот Бојан Јовановски веќе шест месеци е во притвор и во тој период беше подложен на медицински преглед дури 60 пати. Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна, рече неговиот адвокат Сашо Дуковски
За судијката Васка Николовска-Масевска ваквото одложување е неприфатливо и реагираше до Катица Јанева дека може да продолжи и со некој од адвокатските канцеларии на нејзините бранители или во краен случај со бранител по службена должност
Последното рочиште беше одложено поради отсуство на адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска, бранители на Катица Јанева. Исказ како сведоци досега дадоа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски
Со сведочењето на Христијан Баневски, новинар во поранешната „1 ТВ“, завршија рочиштата во случајот „Рекет“ за оваа година. Наредното е закажано на 3 јануари со сослушување на сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Елизабета Јосифовска