Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лила Филиповска: Не земав пари од Боки, туку му давав донации и позајмици

0
By Нова ТВ on January 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 29, 2020 12:35

Водителката Лила Филиповска, која беше во друштво на Бојан Јовановски кога тој беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ при обид да ја напушти државата на денешното рочиште во улога на сведок рече дека не е скарана со првообвинетиот во случајот „Рекет“, но дека не се пријатели. Таа тврдеше дека никогаш не добила пари од фирмата на Јовановски, туку дека таа давала.

Филиповска тврди дека, најпрвин по барање на Боки 13, дала донација од 25.000 евра за „1ТВ“, бидејќи како што рече, сакала да и помогне на телевизијата. Потоа следела и позајмица од 500.000 денари.

„Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку години скарани, па после пак се смиривме. Во 2018 година на Бојан му позајмив 500.000 денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица“, изјави Филиповска.

Таа додаде дека биле неколку пати на викенд на одмор.

„Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно и платено, не стигнав да дознам. Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме части. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“, рече Филиповска. Бојан Јовановски немаше прашања за долгогодишната пријателка.

Судијката Мери Дика – Георгиевска од Апелациониот суд Скопје, кума на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, прва даде исказ на денешното рочиште како сведок на Обвинителството.

„Бојан Јовановски го знам од дете бидејќи со неговата мајка се знам повеќе од 50 години, од претшколска возраст. Јас колку што знам, по враќањето од Белград, Бојан работеше на проекти за заштита на ранливи категории, по мое знаење финансирани од ЕУ. Во 2017 година, Бојан кажа дека е избран да биде претседател на Меѓународниот сојуз за Македонија. На тој настан имаше видни луѓе, а јас таму бев поканета како гостин. Бојан од Белград се врати доста изменет, посериозен. Работеше на проекти и ја отвори телевизијата“, рече Мери Дика Георгиевска, чија сестра Агапи Дика беше претседател на Меѓународниот сојуз и беше повикана како сведок во вториот дел на „Рекет“, кој се однесува на оваа организација.

На прашање, апелациската судијка потврди дека таа патувала со Боки 13 и неговата мајка. Едно од тие патувања било и тоа во 2018 година кога заминале со кола за Милано. Таа рече дека во Италија одела секогаш кога можела, бидејќи таму веќе пет години живее нејзиниот син, нагласувајќи дека не знае што купувал обвинетиот, но дека на враќање на нејзино име пополниле два формулари за поврат на данок.

„Се работи за два формулара за враќање данок, тоа е стока купена од Јасмина, мајката на Бојан. Ме замоли да го дадам пасошот да биде на мое име и јас го дадов. Тоа се само два формулара, не се некои големи суми“, рече Дика Георгиевска, откако судијката ја потсети дека нејзиниот пасош бил приложен за враќање на средствата со такс фри.

Прашања за кумата имаше и Боки 13. Тој пред судот ја праша: „Ќе се согласите ли дека освен што сте биле пријателка со мојата мајка, и ние сме имале комуникација како мајка и син?“. Дика на ова одговори: „Блиска, но не и секојдневна“.

1ТВ Боки 13 Лила Филиповска позајмица сведочење Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.