Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на Камчев со барање до Апелација за враќање на пасошот

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2020 16:38

Јордан Камчев веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да се даде во бегство, додека понудената гаранција од над три милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа наместо на мерката притвор. Ова го наведе одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд во Скопје, жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа со предлог хипотека.

Адвокатот Антонио Апостолски, образложувајќи ја жалбата, рече дека судот претходно му определил времена исправа за патување и обвинетиот неколку пати ја користел, што покажува дека не држи наводот дека ќе се даде во бегство, како и дека е доставена дополнителна гаранција со вкупна вредност од 3,18 милиони евра.

„Не е направно вештачење и наведената штета се само наводи на обвинителството. Можеа во изминатите месеци колку што трае истрагата да направат проценка за судот точно да знае“, изјави Апостолски.

Јавен обвинител од Вишото обвинителство образложи дека немало суштествена повреда на постапката и дека останува на писменото барање за отфрлање на жалбата како неоснована. Судот, во образложението на одлуката, наведува дека сè уште постојат причини поради кои е одземена патната исправа, имајќи ја предвид тежината на делото за кое се товари, двојното државјанство и тоа дека понудената гаранција е помала од имотно-правната корист со која се стекнал. Одлуката ќе биде соопштена преку првостепениот суд.

Апелација Орце Камчев пасош Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.