Пендаровски: Уште 14 дена вонредна состојба

Донесувањето на оваа одлука, рече тој, има за цел само да овозможи на Владата и на институциите  за ефикасно да се справуваат, пред се, како што рече, со здравствените, но и со економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од ковид-19 и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес

Состанок на Советот за безбедност: Пендаровски ја продолжува вонредната состојба

Првата одлука за воведување на вонредна состојба за територијата на целата држава во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март, во момент во кој имаше 41 заболено лице. Заклучно со вчерашниот ден, во земјава има вкупно 974 дијагностицирани случаи, излекувани се 98, а починаа 45 лица