Скопски маратон: Кениецот Кируи најбрз кај мажите, рекорд кај дамите

Победничкото време што го оствари е 2:12,59 часа што е за 23 секунди послабо од ланското. Машкиот подиум го комплетираа уште двајца негови сонародници - Едвин Кипруто Кирва (2:16,15 часа) на второто место и Самуел Мимутаи Киптум (2:16,32 часа) на третото. Нивната сонародничка Стела Јепнгетич Барсосио со нов најдобар резултат на патеката (2:33,42 часа) во женска конкуренција. Втора беше Салина Џебет (2:44,19 часа), минатогодишната победничката Гладис Јепкуруи Бивот (2:47,06 часа) заврши како трета