Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопски маратон: Кениецот Кируи најбрз кај мажите, рекорд кај дамите

0
By Нова ТВ on May 7, 2017 СПОРТ
Фото: skopjeinfo.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 7, 2017 14:19

„Скопски маратон 2017“ мина во знак на атлетичарите од Кенија. Киротич Кируи ја одбрани титулата кај мажите, Стела Јепнгетич Барсосио, пак, е сопственичка на новиот рекорд во женска конкуренција. Времето што Кируи го оствари изнесуваше 2:12,59 часа што е за 23 секунди послабо од ланското додека најдобриот резултат кај дамите сега е 2:33,42 часа.

Машкиот подиум го комплетираа уште два Кенијци. Втор низ целта мина Едвин Кипруто Кирва (2:16,15 часа), третото место го освои Самуел Мимутаи Киптум (2:16,32 часа). Најдобар македонскки натпреварувач беше Александар Кираџиев кој заврши како шести (2:41,38 часа).

Фото: skopjeinfo.mk

Идентичен национален состав имаше и женскиот подиум. Друштво на Барсосио, која во Скопје потврди дека е во одлична форма по триумфот и во Краков во минатата недела, ѝ правеа сонародничките Салина Џебет (2:44,19 часа) на второто место и минатогодишната победничката Гладис Јепкуруи Бивот (2:47,06 часа) на третото.

Во полумаратонската трка кај мажите доминираа домашните натпреварувачи. Дарио Ивановски, кој неодамна победи во Белград, беше најбрз на делницата од 21 километар на скопскиот асфалт (1:11,27 часа). Две минути и 43 секунди по него на целта пристигна Атанас Анчевски (1:14,10 часа), трет резултат имаше Милош Ранчиќ (1:16,07 часа).

Ако Кенијците ја оправдаа фаворитската улога во маратонот, олимпиското трио близначки од Естонија, Лејла, Лина и Лили Луик не препуштија ништо на случајот во полумаратонот во женска конкуренција. Атлетичарките од Тарту заеднички влегоа во целта со време 1:26,07 часа. Резултат по нивниот забележа македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова.

Фото: skopjeinfo.mk

Богдан Цветановски од Македонија го освои првото место во трката на пет километри (17,35 минути) пред Србинот Илија Миленковиќ (18,23 минути) и домашниот натпреварувач Горан Мојаноски (18,30 минути).

Марга Бојаџиев победи на петкилометарската патека во женска конкуренција. Времето што притоа го оствари беше 20,22 минути. Рената Соколовска заостана 1,17 минути на второто место, Нагме Бургуч од Турција беше трета (22,19 минути).

атлетика Киротич Кируи рекорд Скопски маратон Стела Барсосио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.