ЦАС пресече: Намалена казната на Аријан Адеми на две години

Судот за спортска арбитража во Лозана, конечно, се произнесе по случајот со Аријан Адеми. Суспензијата е преполовена, па 25 годишниот дефанзивен играч за врска и репрезентативец на Македонија се враќа на фудбалските терени во октомври оваа година