Афера го тресе тенисот: Освојувач на три АТП титули и член на топ 30 местел мечеви

Истрага што е актуелна и трае веќе година и пол опфаќа дури 135 тенисери кои се најдоа на листата на сомнителни дека лажирале исходи на мечевите. Меѓу нив и претставници на Франција, на САД, на Белгија, на Шпанија. Според германските медиуми „ЗДФ“ и „Ди Велт“, се чини дека истрагата води кон еден нивни репрезент со иницијали М.Х. а во скандалот со наместени натпревари се споменува и член на топ 30 на АТП листата кој има три турнирски победи во кариерата