Тур де Франс: Французинот Варен Баргиј најбрз на Денот на Бастилја

Тој оствари време од 2:36,29 часа во планинската етапа што се возеше од Сен Жирон до Фоа во должина од 101 километар и стана прв домашен натпреварувач што победи на францускиот национален празник по Давид Монкути во 2005 година. Жолтата маичка ја задржа Италијанецот Фабио Ару кој има плус шест секунди во однос на Крис Фрум во генералниот пласман