Тур де Франс го доби првиот Французин што победи на етапа на Денот на Бастилја по Давид Монкути во 2005 година. Како таков во историјата се додаде Варен Баргиј кој триумфира во 13. делница од годинашното издание на престижната велосипедска трка со што даде свој придонес во прославата на францускиот национален празник.

Баргиј оствари време од 2:36,29 часа во планинската етапа што се возеше од Сен Жирон до Фоа во должина од 101 километар по која жолтата маичка ја задржа Фабио Ару. Италијанецот има плус шест секунди од Британецот Крис Фрум, трикратен победник на Тур де Франс, во генералниот пласман.

Втор на целта во Фоа пристигна Колумбиецот Наиро Кинтана, третото место го освои Алберто Контадор од Шпанија. Двајцата велосипедисти имаа ист резултат како Баргиј.

Утре на програмата е 14 етапа што ќе се вози од Блањак до Роде во должина од 181,5 километри.

Тур де Франс 2017/етапа 13

Резултати

Варен Баргиј (Франција/Тим Санвиб) 2:36,29 часа

Наиро Кинтана (Колумбија/Мовистар) – исто време

Алберто Контадор (Шпанија/Трек Сегафредо) – исто време

Мичел Ланда (Шпанија/Скај) + 2 секунди

Сајмон Џетс (В. Британија/Орика) +1:39 минути, итн.

Генерален пласман на Тур де Франс 2017 по 13 етапи

Фабио Ару (Италија/Астана) 55:30,06 часа

Крис Фрум (В. Британија/Скај) +6 секунди

Роман Барде (Франција/АГ2Р) +25 секунди

Ригоберто Уран Уран (Колумбија/Канондејл) +35 секунди

Мичел Ланда (Шпанија/Скај) +1:09 минути, итн.