Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Со 28. милиони евра преку платежната картичка ќе се забрза економската активност

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2020 13:46

Домашната платежна картичка и ваучерите за домашен туризам ќе го ублажат падот на економската активност во третото тримесечје, како и падот на бројот на ноќевања во македонскиот туризам, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување во емисијата „Агенда 35“.

Преку мерката за домашна платежна картичка ќе се даде финансиска поддршка на околу 325.000 граѓани. Министерката за финансии вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформална економија, купување на домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок.

„Направивме една сумулација што ќе значат 28. милиони евра во економијата во така краток период од околу 30 до 40 дена. При таа симулација за третиот квартал од годината ако ние предвидуваме дека контракцијата или намалувањето на економската активност ќе биде 2,7 отсто, со влевање на сите овие средства, ќе забележиме нешто под 2 отсто, односно намалување за 0,7-0,9 процентни поени помал економски пад благодарение на средствата кои што ќе се влеат во економијата и кои ќе се потрошат кај погодените сектори за домашни производи и услуги“, вели Ангеловска.

Ангеловска посочува и дека ваучерите за домашен туризам ќе влијаат на помал пад на бројот на ноќевања.

„Тука би ја споменала и мерката за ваучерите за туризам преку која околу 10-12 милиони евра се поделија по 100 евра на група од 117.000 граѓани. Ако бројот на ноќевања во текот на оваа година, согласно случувањата би бил околу 50 отсто, со оваа мерка би бил двојно помал, односно би влијаело на помал пад на бројот на ноќевања и зајакнување на македонскиот туризам“, вели Ангеловска.

Ваучери Економски мерки Коронавирус Нина Ангеловска Платежна картичка Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.