Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: закон
Медиумите пренесуваат дека пратениците од ДФ (Демократски Фронт) за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава
Рама во парламентот изјави дека законот е работен заедно со ОБСЕ. Целта e „заострување на законските рамки, за да се овозможи регулација и дисциплинирање во оваа џунгла“, изјави албанскиот премиер коментирајќи го пејсажот на онлајн медиуми во земјата
Република Северна Македонија има вкупно 57 дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП), од кои 42 се амбасади, осум се постојани мисии и девет се генерални конзулати. Од нив, во моментот непополнети се 23 амбасади и четири постојани мисии, додека сите генерални конзулати се пополнети
Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен по иницијатива на пратеници во јануари во 2018 година, се укинува со решение на денешната владина седница. Министерот Крешник Бектеши најави изготвување на ново законско решение што, според него, ќе биде „вин-вин“ ситуација за сите засегнати страни, посебно за продавачите на зелените пазари
Измените во Законот за медиуми и информации што ги потпиша рускиот претседател Владимир Путин сега за „странски агенти“ можат да бидат прогласени и одделни лица, првенствено новинари. Руското министерство за правда, според сопствени наводи, во својата евиденција води веќе 10 медиумски претпријатија како странски агенти. Во нив спаѓаат американската телевизија Гласот на Америка и повеќе претставништва на Радио слободна Европа и други. Германските медиуми, меѓу кои и Дојче веле, во Русија не се водат за „странски агенти“.
Измените на Законот за Данок на додадена вредност (ДДВ) ги најави министерката за финансии, Нина Ангеловска, па компаниите и физичките лица ќе може да остваруваат право на одбивка со приложување на фискална сметка за трошоци направени за плаќање во готово или со картичка до 6.000 денари
Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Секој кој што има дилема дека во…
Право на социјална сигурност за стари лица, граѓаните можат да остварат доколку немаат во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува, ако не се корисници на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето. Право на социјална пензија не може да оствари лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено подолго од 30 дена во установа за вонсемејна социјална заштита, здравствена или друга установа.
Јавното обвинителство (JO) на Република Северна Македонија ги презема во надлежност предметите од СЈО за натамошно постапување додека во Собранието…
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа изрази надеж за надминување на разликите меѓу власта и опозицијата во врска со ЈО. За случајот „Рекет“, рече дека лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за, како што вели, да се испита, на некој начин, дали институциите созреале со реформите што се направени во изминатиот период
Романската влада ќе воведе нов данок на бакшиш во рестораните и хотелите во септември, четири години откако не успеа во…
Според податоци на порталот „Мадер Џонс“, за повеќе од две и пол годишното претседателствување на Трамп, во масовни пукотници низ земјата биле убиени 250 лица додека за време на двата мандата (осум години) на Обама загинале нешто повеќе од 300 лица. И бројот на трагични настани е драстично зголемен во владеењата на Трамп и на Обама. Од јанури во 2008 година досега во САД се случиле речиси 80 масовни пукотници или околу 55 повеќе за разлика од времето на администрациите на Клинтон и на Буш