Browsing: Зоран Заев

„За“ предложениот владин кабинет гласаа 62 пратеника, а „против“ беа 51. Старо-новиот премиер Зоран Заев, меѓу другото, најави насочување на целосниот фокус кон економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и во ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона-кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции. Програмата за работа на Владата, додаде тој, во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери

Падна договор, со задоволство обзнанија лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети по нивната денешна тет-а-тет средба во Клубот на пратеници. Во постоизборната коалиција ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи, а една од одлуките се однесува и за укинување на т.н. Пржинска влада во иднина. Изборното ветување на ДУИ, сепак, е задоволено со премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, наместо моделите по години (2+2, 3+1 и 1+3) како што се пишуваше во изминатиот период