Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падна договор: Заев на чело на новата влада, последните 100 дена за Албанец како премиер

0
By Нова ТВ on August 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 18, 2020 16:57

Падна договор, со задоволство обзнанија лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети по нивната денешна тет-а-тет средба во Клубот на пратеници. Во постоизборната коалиција ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи, а една од одлуките се однесува и за укинување на т.н. Пржинска влада во иднина. Изборното ветување на ДУИ, сепак, е задоволено со премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, наместо моделите по години (2+2, 3+1 и 1+3) како што се пишуваше во изминатиот период.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата прв застана зад микрофонот и објави дека е постигнат договор за создавање на парламентарно мнозинство за формирање на нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев, исто така, објави дека нивниот договор треба да го потврдат и највисоките тела на партиите, најдоцна до утре. СДСМ, додаде Заев, договорот ќе го презентира и пред партиите дел од коалицијата „Можеме“ како и пред ДПА, како иден владин партнер.

„Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идна соработка меѓу владината коалиција. Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ е постигнат коалициски договор за создавње парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, за состав и за принципи на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата“, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Лидерот на СДСМ рече дека особено им било важно постигнување на брз договор за владина коалиција поради потребата за брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата, а со цел справување со здравствените и со сите други предизвици поврзани со Ковид-19.

Заев претстави дел од принципите на новата Влада, која ќе ја предводи тој во полн четиригодишен мандат.

Ахмети: Оваа владина коалиција ќе биде најуспешна, во последните 100 дена премиер Албанец

Многу сум убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешното, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која беше постигнат договор за парламентарно мнозинство и владина колаиција.

„Идејата беше за доближување, порака за преземање на одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада“, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат.

На следната влада и на коалицијата Ахмети и посака многу успех и успешна работа, додавајќи дека се што претходно изјави Заев, тоа е договорено. Договорот е постигнат прво со цел, како што рече, имајќи предвид на граѓаните да им се овозможат посигурен живот и иднина.

Ахмети изрази увереност дека денешната одлука ќе биде поздравена од сите граѓани на нашата држава, но и од нашите партнери од меѓунардоната заедница кои ни помогнаа на патот кон НАТО и ЕУ.

„Значајно е дека денешната коалиција се базира на здрави темели и ќе придонесе за добар тек на сите процеси во државата. Многу сум убеден дека денеска направиме добра работа за сите наши граѓани“, изјави меѓу другото Ахмети по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.

Али Ахмети Влада Договор ДУИ Зоран Заев Избори 2020 коалиција мнозинство СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.