Browsing: Зоран Заев

Нова ТВ дознава дека ДУИ во преговорите ги добиле министерствата за надворешни работи и за финансии. Досегашниот премиер Оливер Спасовски ќе се врати во Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде ја презеде функција премиер на техничката Влада, додека Никола Димитров од МНР заминува во Министерството за правда

Лидерот на СДСМ вчера попладне имаше нова средба со Али Ахмети кој, пак, повтори дека двете страни колку се блиску, толку се и далеку во процесот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини за кршење на Уставот, злоупотреба на позицијата Претседател на држава и најави замрзнување на односите, како и преиспитување на политиките кон институцијата

Имавме ситуација во 2016 година. Мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев од оретседателската вила Водно

Ова е епилог од вчерашната средба во Клубот на пратениците меѓу лидерите на двете партии – Зоран Заев и Мендух Тачи. На средбата присуствувале и Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски од СДСМ и Азем Садики од ДПА, кој е градоначалник на Студеничани

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат обиди за обезбедување на парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Според Заев, сите опциии се отворени, порака што ја испрати и Мицкоски

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција. Но, најави и укинување на министрите без ресор што беше и предизборно ветување