Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев-Холштајн: Разговараме за стабилно мнозинство и одговорна влада

0
By Нова ТВ on August 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2020 13:34
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн информира дека неговата партија е во сериозни разговори за формирање ново, стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада што ќе работи во интерес на граѓаните. Врвни приоритети на новата влада, како што истакна тој, ќе бидат развој и унапредување на економијата, како и реформи во правосудството.
„Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно и стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова и одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот“, нагласи Заев.
Освен за актуелната политичка ситуација во државата и евроинтегративниот процес, на средбата се разговараше и за состојбата со коронавирусот, како и за односите меѓу двете држави. Лидерот на СДСМ рече дека земјава нема поголем пријател и посилен поддржувач на евроатлантскиот пат од Германија.
„Благодарни сме за поддршката што сите овие години ја добиваме од Германија, не само од канцеларката Ангела Меркел, туку и од министри за надворешни работи, од членови на Бундестагот, од германски европратеници. За нас е чест и привилегија на европскиот пат да имаме силен и искрен сојузник како што е Германија. Убедени сме дека преку реформите, преку Берлинскиот процес кој за првпат ќе го водиме ние како држава кандидат, дека ќе ги дадеме сите аргументи за отворање на почнување на преговори, додека трае германското претседавање со Унијата“, порача Заев.
амбасадорка Анке Холштајн Германија Зоран Заев Македонија средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.