Магазинот Тајм го избра идниот претседател на САД Доналд Трамп за човек на годината, нарекувајќи го „Претседател на поделените држави на Америка“.
– Мислам дека досега не сме виделе ваква личност која делува на толку неконвенционален начин, а има такво влијание врз настаните на годината, изјави уредникот Ненси Гибс, коментирајќи го овогодишниот избор на оваа долга традиција на весникот.
Во изјава за утринската емисија на тв мрежата Ен Би Си, Трамп оваа „титула“ ја нарече „многу голема чест“.
Во потесен круг за избор беа неговата противкандидатка на изборите Хилари Клинтон и рускиот претседател Владимр Путин, меѓу 11 политичари, научници, бизнисмени, јавни личности и ѕвезди на шоу бизнисот.
Минатата година личност на годината беше Ангела Меркел.




