Published: Wednesday, October 24, 2018 16:09
Тајната служба на САД оваа недела пресретнала два “сомнителни пакети” наменети за eкс-претседателот Барак Обама и претседателската кандидатка на Демократите Хилари Клинтон, од 2016 година, објави агенцијата во средата.
Ниту Обама ниту Клинтон не ги добиле пакетите, изјави тајната служба, пренесува Си-Ен-Ен. Тие биле откриени за време на “рутинските постапки за проверка на пошта како потенцијално експлозивни направи и соодветно се постапува како со такви”, се вели во соопштението на агенцијата.
Пакетот наменет за Обама бил пресретнат во Вашингтон, во среда наутро, а оној наменет за Клинтон бил упатен во округот Вестчестер, Њујорк, во вторникот.
ФБИ соопштил дека пакетот наменет за Клинтон бил пронајден во близина на нејзиното живеалиште, Чапака, Њујорк, но повеќе не коментирале од полицијата, повикувајќи се на тековната истрага.
ФБИ соопштил дека пакетот наменет за Клинтон бил пронајден во близина на нејзиното живеалиште, Чапака, Њујорк, но повеќе не коментирале од полицијата, повикувајќи се на тековната истрага.
Претходно оваа недела, беше откриен пакет со таргет на инвеститорот и милијардер, воедно и главен демократски донатор Џорџ Сорос. Властите испитуваат дали има било какви врски помеѓу трите пакети.




