Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талат Џафери денеска ја посети првата градинка во општина Арачиново, градинката има капацитет за згрижување 115 деца

0
By Marija Todorovska on February 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2024 13:56

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ја посети првата градинка во општина Арачиново. Градинката има капацитет за згрижување 115 деца. Вкупната вредност на проектот изнесува над 45 милиони денари.

 

Посетата на градинката, како што изјави Џафери, е негова дневна активност, покрај тие во Кабинетот.

– Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија. Основна работа ни е да бидеме во ваква директна комуникација со граѓаните и одблиску да ги гледаме потребите, рече Џафери.

-Задоволство е да ги видам овие предуслови овде кои што се наменети за најмилите, најмладите кои што од мали нозе ќе имаат можност да прават разлика што е убаво, што е добро и тоа секако ќе влијае и врз нивниот интегритет и градењето на нивната личност, од тука па се до ситуација кога ќе дојдат да бидат полнолетни. Од тука се гради практично перцепцијата за обврските кои ќе следат во време кога ќе се нафатат на тие обврски, рече Џафери.

Тој упати честитки за новиот објект, истакнувајќи дека родителите ќе бидат поспокојни знаејќи дека децата ги оставаат во соодветни услови, во соодветна грижа. – Особена почит за екипата која ќе се грижи за децата овде, тие кои се ангажирани. Почит поради работата која ја вршат, рече Џафери на настанот, придружуван од градоначалникот Ридван Ибраими.

Арачиново градинка Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.