Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, кој е кандидат на парламентарното мнозинство за собраниски претседател, денеска со својот автомобил поминуваше низ центарот на Скопје на рутата каде поминуваа и демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“, објави „Плусинфо“.

Демонстрантите го исвиркаа по што тој се врати назад.

Порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ го објавија видеото од овој настан, но на дел од видеото нема звук, избришани се деловите каде што Џафери се навредува и пцуе. Првично објавеното видео на ФБ на некои профили, кое потоа го снема, содржеше навреди по етничка линија, но и пцости упатени кон Џафери.