Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талески не одговара како е поставен вд директорот на „Нискоградбa“

1
By Нова ТВ on April 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2016 13:11

taleski

Нема одговор од битолскиот градоначалник Владимир Талески, зошто надвор од предвидените рокови е назначен и поставен в.д. директор на претпријатието „Нискоградба“ во Битола.

Советничката во општина Битола Габриела Илиевска од ВМРО-НП тврди дека Талески на крајот на октомври во 2014 во ист ден го разрешил и потоа го назначил за в.д. директор лицето Кире Крстевски,  а одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на претпријатието донел дури месец подоцна, што според  кривичниот законик се нарекува „злоупотреба на службената положба и овластување“.

bitoladokumenti

Според неа, распишаниот конкурс биле повикани на интервју поголем број лица, но  градоначалникот Талески дури во март 2016, односно по година и пол донесува одлука да не се изврши избор на директор,  истиот ден го разрешил и повторно го назначил Крстевски за в.д. директор.

bitola9

Доколку самата постапка се водела законски решение за в.д. директор смеело да биде доделено 5 дена откако поминал рокот на кој бил не бил избран редовен директор, тврди советничката Илиевска. Таа побара завршната сметка на претпријатието Нискоградба да се повлече, оти на чело на институцијата незаконски, година и пол бил назначен в.д. директорот.

-Според Законот за јавни претпријатија конкурс а избор на директор се објавува три месеци пред истекот на мандатот на постојниот директор. Овој конкурс е објавен еден месец по завршувањето на мандатот на тогашниот директор.

На 4.03.2016 јас како советник поднесов барање да добијам информации од јавен карактер во врска со ова јавно претпријатие. Одлуката на Талески да донесе уште едно решение не само што е незаконска туку е груба и политичка неисправна, мислејќи со тоа дека некој ќе може да рече дека имаме законски директор.

Поголемо незаконие е тоа што на 10.03. 2016 не само што му дава второ решение за в.д. директор туку во истиот ден ја носи онаа одлука која требало да ја донесе на 02.01.2015 во која пишува дека може да се избере директор не подолго од 6 месеци, во кој рок или мора да се именува по конкурсот или да го поништи и да објави нов, вели Илиевска.

Останува нејасно како е можно Крстевски да остане в.д. директор година и три месеци, без да се сети градоначалникот да донесе ново решение за назначување лице за таа позиција.

Што предвидуваат законските рокови?

 По објавувањето на јавниот оглас за избор на директор на ЈП „Нискоградба“ Битола, крајниот рок за пријавување на кандидати требало да биде до 5 декември, односно осум дена. Потоа 15 дена Комисијата избрана од Управниот одбор, односно Градоначалникот има право да ги разгледува документите 15 дена, по што градоначалникот ја носи дефинитивната одлука.

Талески иако пред објавувањето на овој текст неколкупати беше контактиран од НОВА, досега не образложи зошто наместо до 5. декември огласот се распишал и завршил во ист ден, како е можно в.д. директор на претпријатие да биде назначен подолго од 6 месеци и врз кој правен основ  функцијата в.д. директор се обавувала во претпријатието.

zakonzajavnipretprijatija
Член 19-а од Законот за јавни претпријатија

 

За првиот човек на „Нискоградба“, Крстевски, градоначалникот има право да одлучува кој ќе биде директор на јавните претпријатија под општинска капа.

 

 

Битола Владимир Талески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.