Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците до САД: Преиспитајте се за замрзнатите авганистански пари или ќе ја преиспитаме нашата политика кон вас

0
By Sashko on February 15, 2022 СВЕТ
Фото: trtworld.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 09:15

Талибанската влада ги повика САД да ја преиспитаат својата одлука за замрзнатите средства на авганистанската Централна банка и да се воздржат од натамошни „провокативни дејства“, јави агенцијата ДПА.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела ја потпиша извршната наредба со која отвори пат за распределба на замрзнатите авганистански средства во САД во вредност од седум милијарди долари – пола за жртвите од терористичките напади на 11 септември во 2001 година и како хуманитарна помош за земјата.

Доколку САД не отстапат од својата позиција и продолжат со своите провокативни дејствија, Исламскиот емират, исто така, ќе биде принуден да ја преиспита својата политика кон земјата, соопштија авганистанските власти во официјалното соопштение објавено доцна синоќа.

Тие, исто така, ги повикаа САД ослободувањето на замрзнатите средства да биде безусловно, додава ДПА.

Одлуката на претседателот Бајден предизвика бес кај Авганистанците, а поранешниот претседател Хамид Карзаи ја нарече „злосторство“ врз авганистанските граѓани.

Локалните медиуми објавија дека стотици луѓе денеска протестираат во Кабул во знак на осуда на одлуката на Бајден.

Авганистанските политичари и академици побараа замрзнатите средства да не се користат за компензација на жртвите од 11 септември, бидејќи ниту еден Авганистанец не бил вклучен во нападите, ниту пак сопствените пари на земјата треба да се насочат како помош. Тие сакаат средствата да останат недопрени за да се обезбеди стабилност на авганистанската валута и финансискиот систем на земјата како целина.

Авганистан во моментот располага со околу девет милијарди долари замрзнати средства, од кои седум во САД, а останатите најмногу се чуваат во Германија, во Обединетите Арапски Емирати и во Швајцарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.