Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талир 2

0
By Zoran Ivanov on July 15, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 15, 2026 17:50

Она што е суштинско е дека имотот што го стекна партијата е директна последица на дејствијата на Груевски утврдени во постапката. Токму поради тоа, исходот на кривичниот дел и судбината на имотот не можат да се гледаат одвоено: со ослободителна пресуда отпаѓа и основата за конфискација во кривичната постапка. Наративот дека пресудата во едниот дел е праведна, а во другиот само последица на измените на КЗ, ги раздвојува двете работи што правно се неразделни.

Ленче Ристоска

Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот.

Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело – што подразбира дека доказите за целта и намерата со која обвинетите делувале беа дел од предметот и водеа до осуда.

Токму затоа тешко се одржува сегашната констатација дека немало докази за намерата: истиот доказен материјал веќе ја адресираше целта заради која обвинетите ги презеле дејствијата, односно намерата со која делувале и за неа стана збор уште во првичното обвинение.

Понатаму, факт е дека во меѓувреме беше изменет КЗ и овие измени имаа импакт на предметот.

Со оглед дека обвинителството не е врзано со првобитната квалификација и опис на дејствијата на извршување и во текот на целата постапка може да предлага друга квалификација и да прави модификации на описот на обвинението кои одговараат на фактичката состојба што произлегува од доказите, во овој предмет беше изменето обвинението.

Изменетото обвинение содржеше и дејствие на извршување коешто не постоеше во првичната верзија – обврската на Груевски, како претседател на партијата, да ги врати примените средства од Бетон во Буџетот и да ја надомести разликата од вредноста на објектот наспроти реалната вредност на земјиштето, токму поради несразмерот што судот веќе еднаш го утврди во претходната пресуда.

Ова дејствие директно одговара на измените на Кривичниот законик, бидејќи се однесува на неизвршување обврска пропишана во Законот за финансирање на политичките партии, а овој облик не беше засегнат од декриминализацијата и одговорноста по членот 353 опстојува, особено ако се имаат предвид доказите дека имотот и користа завршила кај политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Притоа судот експлицитно наведува дека доказите останале исти како во првата постапка, дека својата анализа и оцена на тие докази ги задржал непроменети и дека останал „конзистентен во одлучувањето”. Но од истиот тој доказен материјал, со иста оцена, судот еднаш изведе осудителна пресуда, а сега ослободителна. Ако ниту доказите, ниту нивната оцена не се променети, останува прашањето како истата доказна основа води до два спротивни исхода – објаснувањето дека сето тоа е последица само на измените на КЗ не ја отстранува оваа противречност, бидејќи измената на законскиот опис не менува што докажуваат доказите.

Ова особено за делот од обвинението кој се однесува на законската обврска на Груевски по Законот за финансирање на политички партии, кој во образложението што судот јавно го објави воопшто не е спомнат.

Дополнително, предметот навлегува во завршна фаза на застареност во август годинава. Тоа значи дека дури и во случај на жалба, Апелациониот суд реално нема доволно време мериторно да одлучи пред да настапи застареност. Конфискацијата на имот е можна кога кривичното гонење ќе застари, но не е можна по правосилна ослободителна пресуда.

Затоа ваквиот тек на настаните му ја отежнува можноста на обвинителството да бара конфискација во посебна постапка, при првостепена ослободителна пресуда, и клучно е прашањето дали ќе следи жалба од обвинителството и дали во фаза на жалбена постапка ќе се бара од Апелациониот суд да се произнесе по однос на конфискацијата, иако кривичното дело ќе биде застарено.

На крај, споделувам и еден процесен детал за кој се пишуваше во медиумите: на едно од последните рочишта, застапниците на ВМРО-ДПМНЕ побарале одлагање поради нивно

отсуство, иако присуството не им е законски задолжително. На ваквото барање обвинителството не се спротивставило, а судот по службена должност не реагирал и рочиштето било одложено.

Сите овие настани и одлагања придонесоа предметот да влезе во ваков временски интервал и целата постапка да заврши само со првостепена одлука, без да се даде доволна временска рамка на Апелациониот суд мериторно да се произнесе.

Ваквата контекстуална состојба – пресуда спротивна на првичната, дел од обвинението кој не е адресиран во јавното соопштение на судот, временскиот интервал во кој се носи одлуката и времето кога истекува рокот на застареност — ме наведуваат на заклучок дека единствена цел на ваквото постапување е отежнување на понатамошната постапка за конфискација на имотот.

Затоа и мислам дека осудата на Груевски во овој случај е од секундарен интерес за ВМРО-ДПМНЕ — кривичниот прогон така или онака ќе застареше. Она што е суштинско е дека имотот што го стекна партијата е директна последица на дејствијата на Груевски утврдени во постапката. Токму поради тоа, исходот на кривичниот дел и судбината на имотот не можат да се гледаат одвоено: со ослободителна пресуда отпаѓа и основата за конфискација во кривичната постапка.

Наративот дека пресудата во едниот дел е праведна, а во другиот само последица на измените на КЗ, ги раздвојува двете работи што правно се неразделни.

Сите овие околности и ваквиот тек на работите, за мене како да го потврдуваат моето уверување дека овој предмет ми беше одземен за да можат заинтересираните страни да стасаат до посакуваниот исход, а тоа е избегнување на конфискацијата.

Во насока на конзистентност на постапувањето и разјаснување на сите дилеми, очекувам да следи жалба од обвинителството.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Ленче Ристоска талир 2 ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.