Градоначалникот на Гостивар и екс министер за здравство Арбен Таравари, во интервју за „Ноќното студио“ на ТВ Телма со Борјан Јовановски говори за позицијата на Алијансата за Албанците во Владата по назначувањето на Венко Филипче за министер за здравство и за понудата што ја добиле за да останат во Владата. Таравари најави дека Алијансата сепак ќе ја напушти владината коалиција, иако рече дека ќе бидат конструктивни во Парламентот и ќе ги гласаат сите закони за кои сметаат дека се неопходни за реформите.