Потпретседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во емисијата 24 анализа рече дека со Грција сме имале подобри предлози од пред 25 години, а сега имаме три затворени патишта и еден кон ЕУ.

– Сите партии се за тој пат, но овој процес на преговарање беше многу нетранспарантен. Сите бараа од министерот на МНР да ги брифира. Можеше да биде помек ставот на партиите, иако генерално го прифатија, а поентата е кој ќе поентира политички. Реакциите се насочени кон тоа, не треба толку емоционално да се реагира, трезвено треба да се размислува. Се работи за иднината на нашите деца, рече Таравари.