Членови на Алијансата за Албанците, движењето Беса, симпатизери и поддржувачи на двете партии, прославуваат по улиците на Гостивар. Кандидатот за градоначалник Арбен Таравари во обраќањето пред малку кажа дека Гостивар, конечно е слободен.

– Го победивме малиот диктатор во Гостивар. Отсега сите граѓани и сите етникуми ќе живеат слободно. Продолжуваме понатаму, на следните парламентарни избори ќе ги победиме ДУИ на ниво на државата, рече Таравари.