Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари не брза-кадровските смени во здравството под лупа

0
By Менче Атанасова Точи on August 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не брзаме со новите назначувања иако имаме повеќе имиња за кандидати за директори во здравството. Заменик министерот Гоце Чакаровски вчера избрзал со најавата дека денес ќе бидат сменети 33 нови директори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Токму таа најава од Чакаровски и исчекувањето на новите кадровски смени, предизвика голема радозналост, но и разочарување кај вработените од дел од новите имиња кои се шпекулираат во медиумите.

Министерот Таравари не сакаше да открие кои директори ќе бидат назначени како што рече постапно, а на прашање на НОВА зошто толку бавно се одвиваат смените,  дали можеби постојат партиски несогласувања, одговори дека бараат најсоодветни кадри, луѓе кои ги сакаат и лекарите и пациентите.

„Нема несогласувања меѓу партнерите во коалицијата одиме полека, не брзаме, а ги консултираме и лекарите и здруженијата на пациентите“, рече Таравари.

Сепак, дел од имињата кои се појавија во јавноста предизвикаа бура од реакции во стручната јавност. Познавачите на состојбите во здравството велат дека се повторува приказната од претходната власт за дел од предложените кандидати чии имиња се вртат јавно.  За дел од нив велат дека се индиректно, роднински поврзани со луѓе од бизнисот со лекови, други дека не се доволно стручни и квалитетни, трети дека им служеле на претходниот режим, четврти дека се строго партиски кадар, некои дека се компромитирани јавно. Од друга страна министерот Таравари вели дека партиската припадност не игра улога при изборот.

„ Кои се партиски поставени? Партиската припадност е интимна работа, тие може да имаат симпатии кон една или друга политичка партија. Гледаме да ставиме луѓе што вредат“, рече Таравари.

Иако министерот рече дека нема несогласувања, НОВА сепак дознава дека внатрепартиски препукувања има за изборот на Виолета Јовановска од Клиниката за гинекологија. Таму, околу тој избор,  тензиите биле најголеми.

Катерина Ставриќ за која НОВА веќе објави дека биде назначена за директорка Клиниката за детски болести, дознаваме дека денеска прифатила да седне на директорската фотелја. Таа наводно, првично одбила бидејќи за предлогот дознала од други лица, а дури потоа и се јавиле од Министерството за здравство.

Лекарски извори, кои се декларираа дека се борат против претходниот режим,  за НОВА велат дека после оваа рашомонијада од имиња, планираат  да се повлечат од своите јавни активности или да си заминат од јавното здравство.

И покрај најавите за масовна смена на директори , Таравари денеска  ги потпиша решенијата само за четворица директори и тоа: Виктор Камнар како раководител на Клиниката за ортопедија, Наќе Гогов директор на болницата во Струмица, Илија Јовановски во болницата во Прилеп и Исмаил Бахити во Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок.

На ТОАРИЛУЦ  во чија состав се петте клиники за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, засега останува Реџеп Селмани, кадровик од ДУИ и поренешен министер за здравство.

Таравари рече и дека се уште размислува дали да го разреши и директорот на Инфективната клиника, Звонко Миленковиќ, назначен и близок со претходната власт, со кого заедно денеска ја одржа прес-конференцијата.

Тој најави дека прироритет ќе бидат новите директори на Центрите за јавно здравје, а неделава се надева дека Владата ќе назначи нов директор на Фондот за здравство. За прв човек на здравствената каса, наводно има 11 кандидати. Со нивните имиња не се шпекулира во јавноста.

Како што НОВА веќе објави , неофицијално од свои извори Дејан Докиќ  е избор на Клиниката за пулмологија, Анѓелко Андоновски кадровик на СДСМ ќе седне во директорската фотеља во болницата за белодробни заболувања кај децата во Козле. Стојан Бајрактаров ќе биде директор на Клиниката за психијатрија, Јане Нетковски ќе директорува со Клиниката за уво нос и грло. На Клиниката за кожни болести ќе директорува Нина Цаца Биљановска, а Ирина Пановска на Клиника за хематологија.

На пластична хирургија на местото на Смиља Туџарова доаѓа Софија Пејкова, на Клиника за ендокринологијаќе биде назначен Горан Петровски кој веќе се вратил од Катар каде што работи. За нов директор на Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде назначен Христијан Костов исто така кадровик од владеачката партија и тој ќе го замени досегашниот директор Сашо Стојчев.

Таравари најави дека планира да смени околу 50 директори во здравството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.