Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Клинички центар ќе се гради надвор од Скопје, кај обиколницата

0
By Менче Атанасова Точи on June 30, 2017 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 30, 2017 13:56
Претходната власт правела перење на мозок на граѓаните бидејќи на местото каде што неколку години стои само дупка планирале да градат само интерни клиники, а не нов Клинички центар за кој се задолживме 90 милиони евра, вели за НОВА министерот Таравари
Новиот клинички центар нема да се гради на просторот кој беше планиран на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, туку на сосема друга локација надвор од градот и од сообраќајните гужви, потврди за НОВА министерот за здравство Арбен Таравари. Тој потенцира дека засега нема конкретно решение каде ќе биде изграден Клиничкиот центар, но идејата е тоа да биде некаде околу обиколницата. На местото каде што  претходната власт сакаше да гради Клинички центар, за што земаа кредит од 90 милиони евра ќе биде изграден  Дијагностички центар со  лаборатории .

Министерот Таравари за НОВА вели дека претходната власт правела перење на мозок на граѓаните бидејќи на местото каде што неколку години стои само дупка планирале да градат само интерни клиники, а не нов Клинички центар. Сите други  како што се  хируршките клиники, детска клиника, психијатрија, кардиологија, гинекологија според планот требаше да останат во истите објекти каде што се и сега.

„Дојдоа и од Банката на советот за Европа и со нив разговараме за изградбата на новиот Клинички центар. Да  се дадат 90 милиони евра и по неколку години пак да се јави потреба од нов клинички е неосновано бидејќи оваа зграда не е планирана за Клинички центар туку само з а интерни клиники, а сите останати клиники си остануваат во постоечките објекти. Нашиот став како Влада е да вложивме уште финансиски средства и да добиеме комплетен Клинички центар со што за  40-50 години ќе го решиме овој проблем“, изјави за НОВА министерот Таравари. 

Новиот  Клинички центар е планирано да се изгради надвор од Скопје, за  возилата на итната медицинска помош од другите градови да имаат подобар пристап и да има паркинг. Во оваа зграда се планира да се сместат сите клиники. Но, за сето ова државата треба да се задолжи со уште еден кредит, рече Таравари. Сега се разгледува опцијата кој е најбезбедниот начин да се преиначи договорот , а за тоа да не се плаќаат големи казни.

„Новиот  Клинички центар треба да биде во периферија, каде што ќе има добар пристап, паркинг и ќе бидат сите клиники на исто место. Имаме неколку предлози, а од претставници од Банката на Советот на Европа бевме известени дека треба да плаќаме казни ако го прекинеме договорот. Затоа зборувавме за тоа да се редуцира таа сума, да се направи помала зграда како Дијагностички центар со лаборатории и да се земе нов кредит за да се изгради Клинички центар на друга локација, чија изградба ќе трае неколку години. Изградбата на интерните клиники која ја планираше претходното раководство беше само перење  на мозок на граѓаните. Ќе се потрудиме на ова место да се изгради објект  и тоа да биде помала сума за да не плаќаме пенали и да има што помалку штети за државата“, изјави Таравари.

Во  Министерството за здравство тврдат дека ја ревидирале целокупната документација за тендерот и изградбата на Клиничкиот центар со внатрешни и еден надворешен експерт при што биле најдени низа нерегуларности, но и работи кои се во согласност соо процедурите. 

Изградбата на новиот Клинички центар претходната власт ја најавуваше неколку години. На 2 јануари 2014 Груевски и Тодоров и официјално сечеа ленти со што го означија почетокот на изградбата. Но цели три години на местото стои само дупка, а сумата од 70 порасна на 90 милиони евра.   

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.