Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во изјава за Телма соопшти дека по преброените гласови во 90 проценти од избирачките места победил уште во првиот круг, со освоени 53 отсто гласови, односно со разлика од околу 3.000 гласови,во корист на него.

Тој го обвини својот опонент Невзат Бејта и неговата партија ДУИ дека се обидуваат да манипулираат со записниците за да издејствуваат втор круг.

Ова се првични неофицијални резултати чиј извор се партиските штабови.