Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: ВМРО-ДПМНЕ е влезена во орото на Левица

0
By Соња Крамарска on December 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ може да биде победена на избори и досега била победувана на локалните избори. Проблемот е што се врши притисок врз граѓаните и се вршат различни манипулации, вели Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците во емисијата Студио 10 на ТВ24.

„Ние со ВМРО-ДПМНЕ поднесовме иницијатива за промена на мнозинството во парламентот затоа што оваа партија тогаш ја промени реториката, се извини за 27 април, и направивме иницијатива и за меѓусебна поддршка за локалните избори. Левица не ја сметам, но без Левица ние имавме 61 пратеник. Кастриот Хаџиреџа исчезна тој ден на гласањето па останавме 60 на 60. Инаку Кастриот беше еден од оние кои инсистираше да се соберат потписи за да се симне ДУИ од власт“, вели Таравари.

Потоа, вели Таравари, ВМРО-ДПМНЕ го смени начинот на говор, а Алијанса се дистанцираше по што ВМРО-ДПМНЕ преку Данела Арсовска почна да соработува со т.н. огнена група од ДУИ.

„Арсовска има сериозни проблеми во функционирањето како човек, има карактерни проблеми. Има проблеми со сите и не знам со кого соработува“. Времето ќе покаже, вели Таравари и додава дека во времето кога Алијанса соработувала со ВМРО-ДПМНЕ неговата партија немала избор.

Сега после една година, вели Таравари, ќе и биде тешко на ВМРО-ДПМНЕ да најде коалициски партнер од редот на албанските партии.

„ВМРО-ДПМНЕ е влезено во орото на Левица околу која се вртат некои македонски националисти. Не знам колку се тие луѓе, но ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги привлече кај себе. Поради нив тешко дека ќе можат да најдат друг коалициски партнер освен ДУИ“, вели Таравари.

Тој вели дека се сретнал со Ковачевски и се разговарале за повеќе закони кои се заглавени во парламентот, но други луѓе разговарале и за можноста за влез на Алијанса во владината коалиција. Таравари вели дека премиерот Ковачевски побарал од него да ги поддржат законите со европско знаменце. Од другата страна било побарано да се поддржат антикорупциски закони.

Таравари вели дека пратениците на Алијанса ќе ги гласаат уставните промени сеедно дали се позиција или опозиција и без оглед на тоа кога ќе се најдат на дневен ред.

Во врска со употребата на јазиците Таравари смета дека македонскиот јазик треба да остане македонски јазик, а албанскиот јазик треба да биде внесен во Уставот – не како сега со формулацијата „јазикот што го говорат 20 отсто од населението“.

 

„Студио 10“ Арбен Таравари ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.