Семејството на детето кое беше спасено од балконот во Париз му се заблагодари на мигрантот од Мали кој го спаси.
“Тоа е херој”, рече бабата на момчето за мигрантот Мамуду Гасама, кој се искачи на четвртиот кат за да го извлече детето.
Таткото на четиригодишното момче кој го остави детето само во станот и отиде во продавница се соочува со обвинение за негрижа.Истрагата покажала дека во време кога се спасувал неговиот син, тој играл „Покемон Гоу“.
„Таткото го напуштил станот и отишол да купува, а потоа одлучил да игра „Покемон Гоу“ на улица, изјави обвинителот Фансоа Молинс.
„Неговото однесување се истражува поради неисполнување на родителските обврски, за што е можна казна од две години затвор“ додаде тој.
Судењето е закажано за септември. Обвинителот објасни дека прозорот останал отворен и немало заштита на балконот која би можела да го спречи детето да се качи на оградата.
Таткото е вознемирен затоа што сфаќа што направил и што можело да се случи додаде обвинителот.
Мигрантот од Мали Мамоду Гасама го воодушеви светот, а поради неговиот подвиг претседателот Емануел Макрон на момчето му понуди и државјанство.
Францускиот претседател Емануел Макрон лично му се заблагодари, му даде медал за храброст и рече дека исто така ќе му биде понудена работа во противпожарната служба.




