Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТЕЦ Неготино: Кој прв почна …

0
By Zoran Ivanov on May 20, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 20, 2026 11:48

Не е толку изненадувачки што Премиерот се јавил кај Обвинителот, поважно што Обвинителот му одговорил на Премиерот и како ќе се постави кон својата обвинителка Коларевиќ и кон нејзинината одлука по предметот.

Љубиша Николовски

 Да се потсетиме:

Улогата на ВМРО ДПМНЕ во случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино беше пред сè политичка, јавно-обвинувачка и институционално-поттикнувачка, а не формално истражна. Партијата беше меѓу главните актери што го одржуваа случајот во јавноста и бараа кривична и политичка одговорност за договорите за кои велеа дека биле вредни околу 160–167 милиони евра.

Политичката одговорност ја стигна тогашната партија на власт, но правната разврска на актерите доби неочекувана разрешница!

Во својата кампања, ВМРО ДПМНЕ главно се потпираше врз Извештајот на Државнниот завод за ревизија, на кој и сега се повикуваат. Но ревизорите според јавно достапното не утврдиле директно „криминал од 160 милиони евра“! Наместо тоа тие констатирале: ризици, нерегуларности, слабост во постапките и потенцијална штета/неекономичност.

Но без разлика на тоа, во јавноста политички се нагазуваше темата како криминал од 160 милиони евра, бројка што веројатно произлегува од вкупната вредност на договорите за мазут, а не од ревизорската пресметка на директно утврдената штета.

Сепак важно е да се направи разлика меѓу партиските/политичките обвинувања, ревизорските наоди и формалната кривична постапка.

Хронолошки гледано, прво дојдоа политичките обвинувања и јавниот притисок додека партијата ВМРО ДПМНЕ беше опозиција, а дури потоа, по промената на власта следуваа институционални активности од МВР, ДКСК и Обвинителството.

Така првичните партиски предизборни обвинувања се институционализираа и станаа јавна вистина. На обвинетите веќе им беше пресудено.

Затоа вистински политички земјотрес предизвика одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да ја прекине истрагата и да го затвори случајот, не наоѓајки доволно докази за обвинение против посочените во случајот.

Наместо правно-експертски полемики и анализи на одлуката за затворање на истрагата, повеќе се претвора во политичка хајка кон обвинителката! Ова оттаму што случајот ТЕЦ Неготино беше политички од самиот почеток.

Сега власта бара оставки од Коларевиќ, но и од нејзините шефови кои дозволиле ваква „самостојна“ одлука. Следеа разговори на премиерот со новиот Државен јавен обвиннител што наиде на рекации во јавноста за мешање на извршната во судско-обвинителската власт.

Не е толку изненадувачки што Премиерот се јавил кај Обвинителот, поважно што Обвинителот му одговорил на Премиерот и како ќе се постави кон својата обвинителка Коларевиќ и кон нејзинината одлука по предметот.

Кредибилитетот и независноста на третата власт веројатно допрва ќе се види од реакцијата кон барањето оставка и од заседавањето на Советот на јавни обвинители.

Ако обвинителката Катеринна Коларевиќ опстои на својата одлука, а нејзините аргументите бидат потврдени од страна на колегиумот и од страна на Советот на јавни обвинители, на повидок ќе биде издидигање на ново СЈО од пепелот, но овој пат иманентно, од внатре во рамки на постојното Обвинителство, без политички пазар од кој потоа сите ќе се дистанцираат.

Овде сега не станува збор за тоа дали навистина имало криминал при набавката на мазут за ТЕЦ Негоино и дали обвинетите се виновни, туку за формално правните аспекти кои се ставени на располагање пред обвинителката за таа да може мериторно да одлучува -дали има случај за на суд, или не.

Имено не секоја кривична пријава од страна на МВР е доволно поткрепена со докази за Обвинителството да може да отвора случај. Можеби затоа и некои предмети стојат во фиоките чекајќи МВР да прибави дополнителни „основи за сомневање“ што ќе се преточат во „основано сомневање“ од кое ќе произлезат мерки за отворање истрага, за поднесување обвинение, мерки за притвор и т.н.

Овој случај треба да ја разреши и дилемата: не само дали Обвинителството не е доволно кадарно да се носи со предмети од т.н. „висок профил“, туку дали и МВР треба да направи реформи во технологијата на прибирање докази и во подготовките и соработката со Обвинителството, за еден случај да има соодветна судска разрешница.

Ако се констатира дека Коларевиќ, а со тоа и обвинителството биле во право, бенефит ќе има и власта бидејќи ќе добие пофалби од страна на Евроопската Комисија за спроведените реформи во независно судство, туку и државата и граѓаните, зашто ЕУ тоа ќе го материјализира и финансиски како нејзина обврска во рамки на Реформската агенда.

Дали Ковачевски, Капушевски, Јахоски и другите обвинети направиле криминал или ја спасиле државата од криза во тоа време, ќе остане дилема, но случајот ќе биде поука за сите надлежни институции да си ја вршат работата онака како што треба, а не да бидат алатка за политички цели на партиите.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

колумна Љубиша Николовски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.