Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Техничко – правни прашања во врска со изборите каде што излезноста беше под потребниот ценсус

0
By Zoran Ivanov on November 12, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 12, 2025 12:44

Согласно член 132 од ИЗ кога во првиот круг нема да се исполни условот за излезеност тогаш „се повторува целата изборна постапка за соодветната општина“, односно согласно член 132-а од ИЗ „[п]овторените избори од членот 132 став (2) за соодветната општина се одржуваат во рок најдоцна 60 дена по објавување на конечните резултати,“ без да се бара исполнување на претходниот услов за излезеност.

Денис Прешова

Во текот на изминатите два дена во неколку наврати бев прашан за појаснување околу гостувањето во емисијата КОД, поточно во однос на тоа зошто општината Гостивар е посебен случај во однос на прашањето за именување на повереник од страна на Владата.

За волја на вистината тој дел од интервјуто беше релативно краток и непрецизен и поради тоа тука ќе се обидам да појаснам одредени аспекти.

Имено, согласно член 133 од Изборниот законик (ИЗ) се предвидува дека во случај и по вториот круг да не се избере градоначалник Владата ќе именува повереник. Ваква ситуација имавме во две општини при претходните локални избори во 2021 година кога како повереници беа именувани дотогашните градоначалници во конкретните општини. Но, во сегашниот случај во општината Гостивар имаме в.д. градоначалник кој е избран согласно член 54 од Законот за локална самоуправа (ЗЛС) кој член беше предмет на измена во 2024 година во која се утврди дека в.д. градоначалникот останува да ја врши должноста градоначалник на општината до изборот на нов градоначалник, избран на првите редовни избори.

Битно е да се нагласи дека вакво правило не постои кога станува збор за „редовните“ градоначалници бидејќи во ЗЛС нема одредба која предвидува дека нивниот мандат ќе трае до изборот на нов градоначалник, туку единствено дека нивниот мандат трае четири години и поради тоа не може да се претпостави дека тој продолжува и по истекот на времето за кое е избран, а до изборот на нов градоначалник. Попрецизно за в.д. градоначалникот важат поинакви правила и тој согласно ЗЛС би требало да остане да ја врши оваа должност до изборот на новиот градоначалник.

На овој начин конкретната одредба од ЗЛС е во директна колизија со соодветната одредба од ИЗ бидејќи според ЗЛС имаме в.д. градоначалник кој треба да врши должноста до избор на нов градоначалник, а во исто време го имаме ИЗ кој регулира дека ако по вториот круг не се избере градоначалник тогаш Владата именува повереник.

Едно толкување е дека со оглед на тоа што првите редовни избори завршија, а градоначалник не е избран, следствено Владата согласно ИЗ треба да именува повереник. Но, тука има еден клучен проблем, согласно одредбите на ИЗ изборите не се завршени, односно уште траат првите редовни избори во смисла на ЗЛС.

Согласно член 132 од ИЗ кога во првиот круг нема да се исполни условот за излезеност тогаш „се повторува целата изборна постапка за соодветната општина“, односно согласно член 132-а од ИЗ „[п]овторените избори од членот 132 став (2) за соодветната општина се одржуваат во рок најдоцна 60 дена по објавување на конечните резултати,“ без да се бара исполнување на претходниот услов за излезеност. Врз основа на овие одредби јасно се заклучува дека се повторуваат првите редовни избори и тие уште не се завршени во смисла на тоа до кога в.д. градоначалникот ја врши должноста градоначалник.

Следното прашање кое се наметнува и се проблематизира е фактот дека в.д. градоначалникот е избран од Совет на општина чиј мандат истекол и по изборите е конституиран нов Совет. Притоа во член 54 став 6 во кој се регулира дека „[на] членот на советот му мирува функцијата член на советот за времето на вршењето на должноста градоначалник“ укажува на тоа дека имајќи предвид дека в.д. градоначалникот треба да биде од редот на советниците и дека тој мандат мирува во оваа ситуација немаме в.д. градоначалник кој е член на Советот и неговиот мандат е истечен и нема што да мирува.

Сета оваа конфузија е настаната е поради ад хок интервенции во законите и поради тоа што не се обрнува внимание на релевантните одредби од другите закони. Во оваа смисла сметам дека решението во ИЗ со кое Владата треба да избере повереник претставува во одредена мера нарушување на принципот на супсидијарност, сфатен во поширока смисла, според која за локални прашања треба да одлучуваат локалните органи или институции. На овој начин се врши еден вид на упад во локалната самоуправа, која е уставно загарантирано право на граѓаните, со тоа што покрај новоизбран и постоечки Совет на општината се отстапува право на Владата да именува повереник.

Впрочем токму според оваа логика при претходните локални избори Владата ги именуваше дотогашните градоначалници како повереници. Од друга страна, ИЗ со оваа одредба навлегува во прашање кое не е директно поврзано со предметот на овој законик, туку со прашање кое е предмет на ЗЛС, а тоа е регулирање на „организацијата и работата на органите на општината“. Следствено ЗЛС е специјален закон за ова прашање и има предност во примената пред ИЗ, кој дури според некоја поширока смисла е општ закон, иако ова прашање би требало да е надвор од неговиот предмет на регулирање.

При ваква состојба сите три потенцијални решенија – именување на повереник од страна на Владата, останување на досегашниот в.д. градоначалник или евентуално избор на нов в.д. градоначалник од новоизбраниот Совет – се проблематични и секое од нив отвара нови дилеми на кои нема да осврнувам сега. Во секој случај предност треба да се даде на локалните решенија поради принципот на супсидијарност. Дури и Владата да постави повереник тој/таа секако треба да биде од општината и по можност сегашниот в.д. градоначалник или член на новиот Совет, по можност на предлог на мнозинството во Советот.

И тука не е крајот. Со оглед на оваа правна недореченост и конфузија, доколку во повторените избори, иако веројатноста е многу мала, и по вториот круг повторно не се избере градоначалник, а со оглед на тоа што важат истите правила и услови со исклучок на условот за излезеност, немаме јасни правила дали и како ќе бидат распишани нови избори. Сегашните повторени избори ќе бидат распишани поради тоа што во првиот круг не беше исполнет условот за излезеност согласно член 132-а, а оваа одредба не може да се примени после првите повторени избори бидејќи сега нема таков услов.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

денис прешова избори локални ценцус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.