НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телефоните „неми„ за корупција

0
By Нова ТВ on May 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телефонските линии за пријавување мито и корупција се „мртви“. Скоро никој не пријавува случаи на корупција на телефонските броеви кои специјално за таа намена се отворени во државните институции. Не е познато колку случаи со сомнеж за корупција се пријавени и на специјалната линија 199 која уште во 2007 година беше промовирана како национална линија за пријавување мито и корупција.

Надлежните во Министерството за внатрешни работи, кое оперира со оваа линија, каде може да се пријави каков било случај на корупција, тврдат дека генерално е намален бројот на јавувања, но не прецизираат колку од нив се бројат како случаи пријавени за мито и корупција.

Истражувањето кое го направи Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија покажа дека слаб е интересот за ваквите пријавувања, кои, пак, од друга страна, се почести на линиите кои ги водат невладините организации. Експертите ова го објаснуваат со толкување дека граѓаните немаат доверба во институциите, па затоа не пријавуваат корупција, што не значи дека таа не постои.

Ниту една поплака за мито или корупција досега не е регистрирана во Кол Центарот на Министерството за труд и социјална политика, кој постои уште од 2008 година. На веб страната на Министерството може да се види дека има посебна телефонска линија за корупција, но досега неа граѓаните ја искористувале да пријавуваат секакви случаи, но не и случаи на корупција.

„Телефонската линија која ја имаме во министерството 15133 во незнаење, граѓаните ја користеа за најразлични поплаки. Најчесто граѓаните пријавуваат неправилности во работата на претпријатијата, кршење на работничките права или пак имавме јавувања за права кои што се однесуваат од сферата на социјалната политика.

– Сега имаме и други специјализирани линии за одредени поплаки и фреквенцијата на јавувања на оваа линија е намалена“, вели Жаклина Величковска од МТСП. Таа тврди дека јавувањата се анонимни и дека постои посебна процедура за пријавување, како и посебно овластени лица за постапување во случај на пријавување на корупција.

Инаку, Кол центарот е воспоставен во рамките на ново воспоставеното Одделение за внатрешна контрола во рамките на Министерството за труд и социјална политика на 17.12.2008 година со актот за внатрешна организација на министерството, а согласно со предвидените активности од Акциониот план на Владата од 2007-2011.

Националната линија за пријавување корупција 199 која стои на веб страната на Министерството за транспорт и врски е истата со која оперира Министерството за внатрешни работи. Тука може да се пријавуваат случаи за која било сфера, односно за која било државна институција. Но, во МВР не прецизираат колку случаи од оние кои кај нив се пријавуваат се однесуваат на поплаки во однос на мито и корупција. Портпаролот во МВР, Иво Котевски објаснува дека линијата 199 за борба против корупција била отворена уште на 22.09.2007 година. Досега, за период од скоро шест години се пријавени вкупно 3945 случаи.

„На почетокот имавме многу јавувања, откако почна кампањата, но сега интересот на граѓаните за пријавување корупција е намален, иако пријавуваат се и сешто-сечење дрва, поплаки за државните институции, неосновани пресуди итн. Се намалува генерално јавувањето“ констатира Котевски, кој додава дека јавувањето е анонимно и може граѓаните да пријавуваат корупција и по електронски пат.

Кога го прашавме да појасни колку од јавувањата се однесуваат на мито или корупција, Котевски не сакаше да прецизира со образложение дека „со тоа би ги демотивирале граѓаните да се јавуваат“. Иако, според него, можно е намалениот интерес да се должи на тоа што и другите институции отвориле вакви линии, при што ја спомена и Царината.

Препознатливиот број за пријавување на шверц и корупција на Царината е 197 која постои уште од ноември 2003 година. На веб сајтот на Царината може да се видат и конкретни бројки, но и таму јавувањата се намалени. Па така, во 2009 година имало 176 јавувања кои се однесувале за корупција и непрофесионално однесување на цариниците, додека лани за периодот јануари-јуни 2012 оваа бројка е сведена на 42.

„Штом се намалува бројот на јавувања за корупцијата се подразбира дека се намалува и корупцијата“, објаснува Горан Затуровски, началник во Царина. Според него ваквиот тренд на намалени јавувања се должи на мерките што ги презема македонската Царина. Иако, смета дека и кампањите имаат влијание за зголемување или намалување на пријавите за корупција.

На линијата 198 во Управата за јавни приходи каде инаку може да се пријават случаите за корупција нема ниту едно јавување за забележано коруптивно однесување. Иако на оваа линија се регистрирани јавувања за други неправилности.

„Во делот на пријавите примени на линијата 198 и преку формуларите во делот за работењето на вработените немаме регистрирана пријава за корупција, односно некој да пријави вработен за мито или корупција. Иако имаме јавувања во однос на непрофесионалното однесување на вработените. Јавувањето е анонимно, а по сите пријавени случаи на оваа линија постапува единицата за професионални стандарди“, појаснува Весна Новаковиќ, портпарол во УЈП.

Нема поплаки ниту кај студентите. Ниту еден случај на можна корупција или пак мито не е пријавен во Министерството за образование и наука, како и во ниту една од канцелариите за превенција и борба против корупцијата кои ресорното Министерство ги отвори во 2010 година на петте државни универзитети.

„Студентите не пријавуваат мито и корупција туку доцнење испити или други неправилности кои се во домен на работење на студентскиот правобранител“, ни изјави претседателот на Студентскиот парламент, Кирил Спироски. Тој се „брани“ дека студентите, сепак, имале поголема доверба случаите за корупција да ги пријавуваат кај студентскиот правобранител. Сепак, додава дека е потребна уште една кампања за антикорупциските канцеларии на факултетите со цел да се зголеми интересот за нив.

Министерството за одбрана има назначено лице кое работи на телефонската линија 0800-50030 за пријавување корупција како дел од проектот „Пријави корупција“. Надлежните уверуваат дека овде граѓаните можат анонимно и бесплатно да пријават случаи на мито и корупција, а тоа може да го сторат и електронски, иако таму има простор да се остават личните податоци. Но, и тука интересот за пријавување на овие случаи е слаб иако линијата е релативно нова бидејќи е отворена во февруари годинава.

„Од започнувањето на овој проект досега се пристигнати 3 пријави, од кои една за поддршка на проектот, а останатите 2 се пријави за можна корупција. Досегашните пристигнати пријави не се анонимни, но во постапка за проверка на вистинитоста на пријавата се штити идентитетот на лицето кое ја поднело пријавата“, велат од Министерството за одбрана.

Лице задолжено да оперира со телефонската линија 080010100 за пријавување на корупција има и во општина Аеродром, но и таму иста „приказна“-јавувања за корупција нема.

„Линијата постоеше одамна, но на моменти не функционираше. Затоа донесена е политика за систем на интегритет во Општина Аеродром од 01.11.2012 година, во која прилог претставува Дијаграмот на тек на процесот на пријавување на мито, корупција и судир на интереси во Општина Аеродром, а во истата е наведено лицето за пријавување на мито и корупција, како и телефонската линија“, вели Сања Божиноска, од Одделението за внатрешна ревизија во општината Аеродром.

За разлика од праксата во државните институции, во невладините организации се регистрирани повеќе јавувања за ваквите случаи. Во рамките на проектот „Пријави корупција“ на “Transparency International Macedonia” во периодот од 1.09.2011 до 28.09.2012 година се примени вкупно 227 пријави од кои 199 релевантни. Граѓаните се жалеле на коруптивни однесувања во разни сфери, од кои за урбанизам, даноци, инспекции/лиценци, судство, недвижности итн.

„Фактот што нема пријави за корупција на телефонските линии во институциите не значи дека корупцијата ја нема. Напротив, ја има и многу е присутна и тоа многукратно повеќе од тоа што било пред 5,6 или 7 години. Во случајов станува збор за губење на доверба во институциите бидејќи тие не преземаат ништо ниту да го решат проблемот на корупцијата или пак да им помогнат на граѓаните“, ни изјави Слаѓана Тасева, претседателката на “Transparency International Macedonia”. Тасева додава дека нивните сознанија говорат дека корупцијата е многу повеќе присутна, при што спомена дека кај нив бројот на јавувања е зголемен за разлика од државните институции каде или нема или има малку јавувања.

„Да функционира една телефонска линија значи да бележи дека има резултати. Од почетокот кога почна да функционира телефонската линија во Царината имаше по 5000 јавувања во месецот и тогаш таа служба работеше 24 часа во денот. Имаше и други линии каде немаше јавувања. Очигледно граѓаните се соочија со проблем да нема кој да ги прифати или да нема реакција. Драстично се намалени и бројот на пријави во Антикорупциската комисија, поточно за четири пати. Луѓето губат доверба во таа комисија. Кога се востанови имавме 1.200-1.500 пријави годишно од граѓани, а сега таа бројка е сведена на 200 пријави годишно“ потенцира Тасева, инаку екс-претседателка на Антикорупциската комисија.

Според неа состојбите не можат да се подобрат со кампањи, а јавувањата ќе зачестат кога ќе се подобри и довербата во институциите.

Како црни точки на корупцијата таа ги наведе судството и влијанијата врз судството, потоа политиката, како и спрегите меѓу политиката и приватниот сектор, но и немањето независни медиуми, политизација на администрацијата. „Системот на корупција е самоодржлив и може да се разбие само со независни медиуми, граѓански сектор и доколку има реакции однадвор“, коментира Тасева.

Ана Јаневска-Делева, извршен директор во невладината „Транспарентност Македонија“
во врска со пасивноста на граѓаните да пријавуваат корупција коментира:

„Во повеќето институции има телефонски линии за пријавување на корупција и тоа во МВР, Царинска управа, Министерство за образование, УКИМ итн. Јас не сум запознаена со податоците колкав е бројот на луѓе кои се јавиле на овие линии меѓутоа сметам дека бројот е мал. За овие линии Владата имаше и кампањи за промоција меѓутоа сметам дека граѓаните немаат доверба во институциите и затоа не пријавуваат корупција. Исто така, многу од овие линии и не функционираат со што само се потврдува фактот дека оваа Влада борбата против корупција ја сведува само на кампањи, а не и на дела. Доколку постоеше искрена намера овие линии да функционираат самите институции беа досега должни да ги презентираат податоците за бројот на пријавени случаи“ вели Делева. Според неа, граѓаните не знаат точно што е корупција.

„Сметам дека луѓето не ни знаат точно што е тоа корупција. Доколку дадат симболична сума на пари на службеник за нивната работа да биде побрзо завршена тоа не го сметаат за корупција туку за олеснителна околност а тоа се должи на хаосот кој што владее во институциите во Македонија. И оние кои знаат што е тоа корупција се плашат тоа да го пријават бидејќи повторно не веруваат во институциите дека со тоа пријавување нивниот проблем ќе биде решен напротив тие сметаа дека ќе си нанесат поголема штета“ појаснува Делева.

Таа посочува дека нејзината невладина организација исто имала отворено телефонска линија за пријавување корупција но вели дека биле пријавувани случаи за кои невладината не можела да им помогне во нивно разрешување. Овие случаи тие ги препраќале до МВР.

Инаку, владината кампања „Македонија без корупција“ беше промовирана во 2007 година која имаше за цел да се подигне јавната свест на граѓаните за корупцијата.

Во таа година Македонија беше рангирана на 84-то место од вкупно 179 земји според Индексот за перцепција на корупцијата на меѓународната организација “Transparency International”. Во 2008 година земјата имаше подобрување со скок од 12 позиции и стигна до 72-рото место на антикорупциската скала од вкупно 180 земји во светот што ја објави “Transparency International”. Благо поместување на 71-то место Македонија регистрираше во 2009 година, според истото рангирање на Транспаренси Интернешенел, што беше коментирано како благ напредок.

Според податоците на оваа невладина организација за минатите години, Македонија имала најголем напредок во 2010 година кога се искачи на 62-то место во конкуренција од 178 држави. Во изминатите две години, државава беше рангирана на 69-то место според Индексот на перцепција за корупцијата на Транспаренси интернешнл, што е назадување за седум позиции во однос на 2010 година.

Рамка: Прво име, па пријава

Иако пријавувањето на корупцијата генерално е анонимно, во дел од институциите кои ги контактиравме велат дека сепак, пожелно е да се остави контакт од лицето кое пријавува доколку тоа е потребно за понатамошно испитување на случајот.

Во некои институции пак, личните податоци се бараат уште при самото пријавување на случајот.

На пример, на веб сајтот на Министерството за здравство на граѓаните им се остава простор да пријават неправилност за укажана здравствена заштита. Но, претходно граѓанинот ќе треба да внесе име, адреса на живеење, свој мејл, како и неправилноста која сакаат да ја пријават. Сите полиња се задолжителни.

И Министерството за животна средина остава простор за поплаки и претставки од страна на граѓаните, иако тоа не е лесно видливо, туку ваквата можност се дава со отворање на линкот Граѓански дневник, каде на крајот се објаснува процедурата за поплаки. Граѓаните можат да ги доставуваат поплаките до три лица наведени на листата, на која ги има нивните телефони, или пак можат истото да го сторат електронски.

Исто така, за време на нашето истражување се обидовме да контактираме на линиите кои беа наведени на веб сајтовите каде може да се пријави корупција или нерегуларности, но некои од нив не функционираа или пак никој не се јавуваше на посочените телефони. Кога го пријавивме ова на институциите, веќе следниот ден линиите фунционираа во најдобар ред.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025

Макрон за Путин: Тој е предатор и чудовиште / Реагираше Москва

August 30, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.