Published: Monday, February 12, 2018 20:37
Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговараа за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестинците.
– Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина, изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва.
Путин потенцира дека односите помеѓу Израел и Палестинците се далеку од тоа што посакува Русија.
– Трамп му изјави и сочувство на Путин поради падот на рускиот патнички авион, при што загинаа 71 човек, соопшти Кремљ.




