Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телма: Дисциплинска постапка за тројца обвинители за 27 април

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 27, 2018 16:10

За обвинителите Гордана Гешковска и Јован Цветановски од скопското обвинителство  и за Златко Биковски, од организиран криминал пред празникот е отворена дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за настаните од 27 април лани, објави Телма повикувајќи се на ЈОРМ.

Тие се раководителка и заменик раководител во скопското обвинителство и раководител на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на крвичниот настан, односно во Собранието каде лани на 27-ми април се случи упадот и беа повредени над 100 луѓе.

Комисијата која ја води постапката, доколку утврди дисциплинска одговорност има можност да ги казни со опомена, парично или дури и да им врачи отказ.

Обвинителите се земени на дисциплинска затоа што според обвинителството не извршиле увид во Парламентот по упадот на крвавиот честврток.

Телма се повикува на информацијата објавена во емисијата КОД дека вечерта на 27-ми април бил организиран состанок кој го свикал тогашниот државен обвинител Марко Зврлевски, каде присуствувале овие тројца обвинители. Не бил свикан колегиум во кој членуваат и виши обвинители, туку работата и истрагата е префрлена на дежурните обвинители во скопското обвинителство.

На оваа средба било одлучено да не се оди веднаш на увид, поради безбедноста на обвинителите. Имало и обвинители кои тврделе дека не треба да се врши воопшто увид, туку прво да се разгледува  изборот на Талат Џафери за собраниски претседател, а дури потоа насилствата и упадот. Најголем дел од овие обвинители кои не сакале да се врши увид сега не се под дисциплинска постапка.

Ден по 27-ми април, двајца обвинители вршеле увид и ја заклучиле собраниската прес сала каде беа нападнати пратениците на новото владеачко мнозинство. Но дотогаш веќе биле изнесени компјутерски хард дискови со снимките на кои се гледа како пратениците на ВМРО- ДПМНЕ Мукоски и Василевски ги отвораат собраниските врати и ја пуштаат групата внатре. После тоа увид не е е вршен, се до јули 2017-та кога предметот е предаден на обвинителството за организиран криминал кое врши обвинителски увид на лице место.

 

27.април дисциплинска постапка ЈОРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.