Температури под нулата во необичен силен бран на студено време за овој период од годината ги зафати САД. Во Њујорк, четири лица починаа како последица од обилниот снег и студ.
Зафатени се сите американски држави објави Националната метеоролошка служба.
Вчерашното утро беше најладно ноемвриско утро во САД уште од 1976 година.
Како што пренесуваат светските меидуми најлошо било во округот Ери во западниот дел на државата Њујорк, каде снежната покривка веќе изнесува метар и половина, а снегот не престанува да паѓа.
„Ова е веројатно полошо од се што сум видел во изминатите 40 години. Ќе ни треба време да се ископаме од овој снег“, изјави градоначалникот на Бафало Бајрон Браун.
Многу патници останале заробени на сообраќајниците. Снегот паѓа со брзина од 13 сантиметри на час.
Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредна сосотојба во десет окрузи во западниот дел од државата.




