Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомба во Тендери: Јанакиески и вели на Канческа да ги продаде алиштата

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за предметот „Тендери“ на СЈО во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе продолжи на 14 мај со изведување материјални докази.

На денешното рочиште беа преслушани пет телефонски разговори во присуство на јавноста. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 меѓу Канческа Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На првиот разговор што беше презентиран, покрај Канческа Милевска и Јанакиески, учествува и директорот на ГП „Бетон“ од Штип Илија Престилски. Во разговорот Канческа Милевска ги информира Јанакиески и Престилски дека „утре ќе биде објавен тендер“, но, како што посочува, „во него е наведено се за да го добие Бетон“. Наведува дека ќе ја тераат работата да нема застој и дека дента му биле префрлени 48 до 49 милиони денари. Му вели „терајте си ја работата како да е се во ред“, а претходно му кажува дека ќе треба да се објави нов тендер бидејќи е се исцрпено со анексот.

Во вториот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески таа го информира Јанакиески дека нема денар за да им плати и дека треба со ребалансот да се обезбедат средства, а на тоа Јанакиески и вика „да ги продадеме твоите алишта за да им помогнеме“.

Во третиот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, таа го информира колку ја нервирал Илија кого, како што вели, не можела органски да го поднесе – „ми иде ножот да му го ркнам до крај, а Ице ми иде во Вардар да го удавам“. Го информира дека се уште не се излезени од, како што вели, „страната што се гледа од кај тебе“, а Јанакиески и вели дека „утре ќе излезат, а ако не ќе им го турне скелето“.

Во четвртиот разговор повторно меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, поранешната министерка за култура му кажува на Јанакиески дека „Илија е мрднат и мисли дека таа му викнала полиција, му вели дека не може органски да го поднесе“. Посочува дека му платила 50 милиони, а за останатите 20 милиони ќе треба да се снајде бидејќи ги нема парите и ќе треба да ја почека уште еден месец. На тоа Јанакиески и одговара дека ќе треба да ја почека.

Петтиот разговор е меѓу Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа Милевска од 2013 година во кој поранешната министерка за култура ја информира Јанкулоска дека се јавил некој Николче Цветановски од СВР Битола кој и ги барал документите за изградбата на Музејот на ВМРО.

Во меѓусебниот разговор се информира дали треба веднаш да му ги даде доколку дојде, или, пак, треба да му каже дека треба да почека да ги собере, а во меѓувреме барала од тогашната министерка за внатрешни работи да провери за кого станува збор и дали е „некој комуњар“. Тогашната министерка за внатрешни работи ја советува доколку го добие налогот да му каже дека и треба време да ги собере документите и да не му ги дава веднаш на Николче Цветановски, а во меѓувреме, како што вели, ќе провери кој е тој и за што се работи.

Бранителот на обвинетните во случајот „Тендери“, адвокатот Сашко Дукоски смета дека СЈО несериозно ја води постапката и потенцира дека во првата „бомба“ фали една секунда и за разлика од транскриптот го нема делот во кој директорот на Бетон Штип Илија Брезилски ја пцуе првообвинетата, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

– Ова е втор пат што се случува истото, првпат беше со вештачењето по завршувањето на истрагата повторно се бараа докази да се доврши веќе завршеното вештачење. Денеска недостасуваа делови од телефонските разговори. Не сметам дека постои намера, изјави Дукоски по завршувањето на денешното рочиште во Кривичниот суд.

Тој потенцира дека доказите што беа изнесени во првата од „бомбите“ снимена на 14 јуни 2011 година нема, како што рече, „блага врска“ со конретниот кривично правен настан.

– Се зборува за анкес на договор кој е потпишан во  мај 2011 година и се однесува за карабината на објектот кој го градела истата фирма која ги изведувала и завршните  занаетчисики работи. Тој разговор нема никаква врска, а особено е интересен односот на првообвинетата кон главниот сведок на обвинителството. Ако се изнесувате на негативен начин за некого не е логично да го фаворизирате да добие тендер. Тоа е невозможно, рече Дукоски.

Нагласи дека за предметот на обвиненитето, односно постапката за завршните занаетчиски работи, нема анекси, туку само јавен повик, склучен договор и решение за избор на најповолен понудувач за кој се  поминати сите законски рокови и никој не приговоарал.

Неговиот колега, адвокатот Еленко Миланов посочи  дека не се согласува со Дукоски оти не постои намера кај СЈО и додаде дека делот кој е изземен од бомбата покажува нетрпеливост меѓу двете спротивставени страни.

– Премногу се инсистираше да не се даде разговорот до крај и да не се слушне пцовката… Овој тендер нема анекси. Работата и по  основниот договор од 2008 година, во кој има пет анекси, и по договорот за  завршни работи е завршена во 2013 година, а ние зборуваме за некави преземени дејствија во 2011 година, изјави Миланов.

Предметот „Тендери“ се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје

Канческа СЈО тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.