Лина Ѓорческа (22) не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ тенискиот турнир во Гренобл што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Македонската тенисерка која беше рангирана како осма носителка во првото коло загуби од Катинка фон Дајхман од Лихтенштајн, 258 на ВТА ранг листата, со 3:6, 3:6. Мечот траеше еден час и 22 минути.
Ова за Ѓорческа е втор пораз од Фон Дајхман во вториот меѓусебен дуел. Нејзината врсничка од Лихтенштајн триумфира и лани во осминафиналето во Софија, турнир на земјена подлога, со 4:6, 6:3, 6:4.