ИТФ турнир во Анталија: Лина Ѓорческа со нова титула во кариерата

Најдобрата македонска тенисерка ја оправда фаворитската улога на ИТФ турнирот во Анталија што се играше за награден фонд од 15.000 долари. Таа во финалето беше подобра од финската колешка Уна Орпана со 6:4, 6:7, 6:1

Дејвис купот е историја: ИТФ гласаше за тениско СП од 2019 година

Две третини од делегатите на Годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација се изјаснија позитивно по новиот проект. Завршниот турнир е планиран од 18 до 24 ноември во Мадрид или во Лил и во него ќе учествуваат 18 селекции.

Промени во најава од ИТФ: Светски тениски куп наместо Дејвис куп

Тениските авторитети со желба за воведување турнирски мундијал по урнек на фудбалот, на кошарката, на ракометот, на одбојката, на ватерполото. И тоа на сметка на натпреварување што со 118 години зад себе е едно од најстарите спортски настани во светот. Новиот проект ќе биде ставен на гласање пред 147. членки на годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација што е закажано за четврток (16 август) во Орландо, САД

Тужби за ИТФ и ВТА: Американката Бренгл бара 10 милиони долари отштета

Адвокатот Питер Гинсберг тврди дека неговата клиентка страда од пореметување поради кое не смее да ѝ се вади крв од вена со игла за што поседува лекарска документација што ја потврдува таквата состојба. Претставници на анти-допинг агенција, сепак, земале примерок што било причина за оток и ослабување на раката со која тенисерката сервира

Тенис: ИТФ го суспендира Илие Настасе до 2021 година

Мерката за селекторот на Федерејшн куп репрезентацијата на Романија е за неговите недолични дофрлувања и навреди кон Џоана Конта, кон Ен Кеотавонг и кон судијата за време на априлските пресметки со Велика Британија. „Ќе видиме со каква боја ќе биде, со чоколадна или млечна“, прокоментира тогаш и за нероденото дете на Серена Вилијамс