Филип Колшрајбер го подигна седмиот АТП трофеј во кариерата. До него, Германецот стигна во Кицбил по триумфот во финалето над Жоао Соуса со 6:3, 6:4.
Колшрајбер, покрај пехарот, впиша нови 250 бода и доби паричен чек со износ од 85,945 евра. Поразениот Португалец заработи 150 АТП поени и 45,265 евра.
Турнирот во Кицбил се играше за награден фонд од 482,060 евра.