Марин Чилиќ е прв финалист на Вимблдон. Хрватскиот тенисер во полуфиналето го совлада Сем Квери со 6:7, 6:4, 7:6, 7:5 и по два часа и 28 минути игра си осигура прв меч во кариерата за титула во Лондон. Негов најголем успех на третиот сезонски гренслем досега беше пласман во четврт-финале, а единствениот трофеј на турнирите од големата четворка го освоина Ју-Ес опен во 2014 година.
Негов противник во финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Швајцарецот Роџер Федерер и Чехот Томаш Бердих. Доколку замине со титулата од Вимблдон ќе биде втор Хрват кој успеал во тоа по Горан Иванишевиќ во 2001 година.