Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензично во Судскиот совет, седницата презакажана за 13 часот

0
By Соња Крамарска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седницата на Судскиот совет која беше закажана за во 11 часот од страна на заменик-претседателот Селим Адеми, е одложена за 13 часот. На седницата, според планот на потпретседателот, треба да се избере нов претседател на највисокото судско тело откако вчера во негова режија беше извршен пуч на претседателката Весна Дамева која експресно беше сменета од претседателската функција.

Дел од присутните новинарски екипи кои пред зградата пристигнаа порано од 11 часот, за кога беше закажан почетокот, од отворените прозорци каде се наоѓаат просториите на Судскиот советслушнале караници и обвинувања дека „ова е анархија”, и „не може ова вака“.

Начинот на кој вчера беше разрешена Дамева предизвика ерупција од реакции и во фелата, и кај експертите и кај политичките кругови кои засега од дистанца го следат ова незапаметено незаконско постапување во врвот на судската пирамида. Реакциите се сведуваат на тоа дека во Законот за Судски совет, и во Деловникот за негова работа нема предвидено процедура за разрешување на претседател.

Дали Адеми и неговите приврзаници го искористиле тој правен вакуум?

Вчера и Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше дека за Дамева да биде разрешена од претседателка, требало да биде разрешена од член на Судскиот совет, а за тоа, потенцираа, е потребна соодветна процедура за дисциплинска постапка во која кога ќе дојде до разрешување, дека се потребни осум гласа „за“, не сметајќи го оној на предлагачот. Дамева, пак, беше разрешена само од претседателската функција со седум гласа, вклучително и на заменик-претседателот кој го иницираше разрешувањето.

Блупринт групата за реформи во правосудството, денеска исто така реагираше дека недоволното регулирање на одредени законски одредби не значи и несоодветно постапување односно произволно толкување на постоечките одредби.

„Доколку интенцијата била да се разреши претседателката на Судскиот совет користејќи ја аналогијата за разрешување на судија, сепак самиот чин на разрешување е спорен од причина што Законот за Судски совет на РСМ предвидува дека за разрешување на судија потребно е да гласаат 8 члена од присутните членови со право на глас. Во конкретниов случај гласале 7 члена без претходна дискусија и без запазување на постапката која се применува за разрешување на судија“, реагираа тие, додавајќи дека вчерашниот настан дополнително ќе ја руинира поради непочитување на законите и произволно постапување со што директно го поткопува уставниот и правниот поредок во Република Северна Македонија.

С.К.

Весна Дамева седница сменета Весна Дамева Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.