Илијас Касидијарис, член на грчката ултрадесничарската партија Златна зора, денеска е исфрлен од Парламентот откако турна пратеник од Нова демократија.
„Го загадувате овој Парламент. Надвор – викаше вршителот на должноста претседавач со Парламентот, Макис Балаурас, врз пратениците на Златна зора, по исфрлањето на Касидијарис.
Медиумите наведуваат дека на 37-годишниот Касидијарис му попречило тоа што пратеникот на конзервативната Нова демократија, Никос Дендијас, минал пред него додека зборувал за законот што предвидува нови мерки за штедење.
„Зарем не гледаш дека зборувам? – му кажал пратеникот на Златна зора на колегата Дендијас, по што со другите пратеници од неговата партија ги посипале со вода претставниците на Нова демократија.